Годинава во охридската болница на свет се донесени 423 бебиња

На одделението за гинекологија и акушерство, при Општа болница Охрид, годинава  на свет се донесени 423 бебиња.

 |  Валентина Нелоска  | 

Бројот на машки и женски деца е сразмерно ист, вели началникот на ова одделение д-р Ѓоко Танески. Минатата 2007 година пак, бројот на новороденчињата бил 676.

Статистиката покажува дека во општина Охрид минатата година, стапката на природен прираст изнесувала 0,2 промили.

Д-р Ѓоко Танески додава дека бројот на новороденчиња е преполовен, споредено од пред 10 години. Исто така и бројот на жени од други општини кои доаѓаат да се породат тука е значително намален  во споредба со минатите години.

Покрај гинеколозите, кои се грижат за безбеден тек на породувањето, за здравјето и за напредувањето на бебињата се грижат педијатри – неонтолози. На гинеколошкото одделение во охридската болница веќе 10 години функционира Rooming – in  системот, со кој и се овозможува брз контакт на мајката со новороденчето.

Д-р  Весна Белкоска, педијатар-неонтолог, вели дека веднаш по раѓањето нивна задача е да ги прифаќаат бебињата и ги надгледуваат околу еден час. Бебињата кои се добри, со преодни АПГАР оценки, по половина час им се даваат на мајките на доење и се префрлаат во Rooming – in.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top