Подготовки за престојните празници. ЈП „Охридски комуналец“ е во акција за зимско украсување, кое на градот му дава посебен лик. Веќе два дена се работи на поставување на партерниот дел, па потоа следува поставување на реквизитите, вели првиот човек на претпријатието Сашо Алче. Ќе има старо нови реквизити, но годинава ќе се вложат и повеќе средства за тоа, додава тој.
Паралелно со тоа течат подготовките и за дочек на Новогодишната ноќ на градскиот плоштад, вели Алче. Тој додава дека годинава доминантни ќе бидат охридските културни уметници.
Алче вели дека во рамките на подготовките на престојните празници ќе контактираат и со СВР Охрид заради зголемување на степенот на безбедност, бидејќи очекуваат голем број гости од земјава и странство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град