Глувите лица и понатаму на маргините

Институциите не го почитуваат законското право глувите лица во одредени ситуации да добиваат толкувач на знаковиот јазик. Никој не сака да слушне за Законот за знаковен јазик донесен во август 2009 година според кој на глувите лица треба да им се обезбеди прведувач и да им се платат трошоците за нивното ангажирање, истакнува претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Славица Стефаноска.

 |  Валентина Неловска  | 
znaci
знаци

Slavica StefanoskaИнституциите не го почитуваат законското право глувите лица во одредени ситуации да добиваат толкувач на знаковиот јазик. Никој не сака да слушне за Законот за знаковен јазик донесен во август 2009 година според кој на глувите лица треба да им се обезбеди прведувач и да им се платат трошоците за нивното ангажирање, истакнува претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Славица Стефаноска. Таа додава,дека иако не станува збор за голема сума пари се се решава на стариот начин на сметка  на Здружението иако законодавецот навел чии се обврските.
Заврши и проектот на  општината и Здружението на глуви и наглуви со кој на шалтер во локалната самоуправа беше ангажиран толкувач на знаковниот јазик за потребите на глувите лица. Тој проект беше единствен во земјава, а им беше од голема помош на лицата со оваа попреченост нагласува Стефаноска. Од здружението се надеваат дека проектот  за скоро време ќе биде обновен. Здружението на глуви е секогаш отворено за сорботка со сите институции со цел да им се олесни животот на овие лица.
Во општина Охрид има петмина овластени толкувачи на знаковниот јазик кој го научиле поради потребата за комуникација со луѓето во потесното семејство,   објаснува Стефаноска. Меѓутоа, во последно време расте интересот за изучување на знаковниот јазик и кај поединци од алтруистички побуди. Во охридското здружение има евидентирано 140 глуви и наглуви лица.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top