Со спортски игри одбележан светскиот ден на глувите лица. По петти пат денес во Охрид 12 општини од Македонија се натпреваруваа во пет дисциплини. Учесниците од Здружението на глуви и наглуви лица од Македонија велат дека не е важно натпреварувањето туку дружбата и нивната социјализација.
28ми септември, светскиот ден на глувите лица, здружението на глуви и наглуви лица од Македонија, традиционално го одбележа со спортски игри. По петти пат 12 општини од Македонија се натпреваруваа во пет дисциплини и тоа баскет, фудбал, одбојка на песок, куглање и фрлање ѓуле. Во натпреварите учествуваа 60 лица од кои 40 мажи и 20 жени. Тихо Русовски, претседателот на спортската федерација на глуви и наглуви лица на Македонија задоволен што лицата од оваа ранлива категорија и оваа година се собраа во толкав број да го одбележат овој ден. Не случајно секоја година игрите се одржуваат во Охрид.
Охрид е идеален за вакви игри. Прекрасното време, убавите терени природата и езерото се незаменливи, изјави Тихо Русовски, претседателот на спортската федерација на глуви и наглуви лица на Македонија
Илија Илиевски, еден од натпреварувачите со нескриено задоволство кажа дека секоја година учествува на овие игри и тоа во сите дисциплини. Тој додаде дека во никој случај не би го пропуштил овај настан.
Важно е дружењето а не натпреварувањето. Овој ден за нас е многу значаен бидејќи на едно место сме собрани од цела држава, рече Илија Илиевски, натпреварувач.
И жените рамо до рамо со своите колеги се натпреваруваа во сите дисциплини кои се застапени во овие спортски игри. Ленка Климовска најмногу сака да игра кошарка но не е лоша и во куглање. Таа вели дека спортот е застапен и во секојдневниот живот на овие лица. Голем дел од нив се занимаваат рекреативно со спорт, а има и такви кои се посериозни спортисти со постигнати завидни резултати.
Глувонемите лица генерално се задолни од третманот на државата и Здружението на глуви и наглуви лица во Македонија, изјави Ленка Климовска, натпреварувач.
Климовска порача повеќе внимание да се обрне на младите кои имаат проблем со слухот и говорот и што повеќе да се социјализираат и внест во општествениот живот бидејќи тие и тоа како се способни за тоа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град