Животот во тишина не ги спречува глувите лица да бидат насмеани и весели.
Од неодамна тие го реновираа свјот клуб со помош на холандската фондација „Владобро“. Проектот вреден околу 2000 евра беше подржан од Владо и Катерина Велјаноски кои живеат и работат во оваа европска земја. Со помош на проектот, здружението на глуви и наглуви лица набави 4 комјутери, телевизор и двд плеер , поставија ламинат, ги претапацираа столиците, ги варосаа просториите и го поправија парното греење. Во уредување на просториите, доброволно беа работно ангажирани повеќе глуви лица меѓу кои работите ги надгледувал Илија Илиески. Осмислениот и убаво среден простор, каде што глувите лица поминуваат дел од своето време ги прави среќни објаснува Ружа Мишева.
Претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица Славица Стефаноска, вели во клубот нивните членови се дружат и имаат меѓусебно разбирање, превод и помош за нормално одвивање на животот. Тие се трудат да држат чекор и со времето. „Членовите посетуваа часови по компјутер и сега може да комуницираат со своите деца кои се школуваат во Скопје или пак живеат во странство. Дома немаат комјутери или Интернет, но тука сето тоа им е достапно“ додава Стефаноска. Здружение на глуви и наглуви постои 52 години и брои околу 150 членови. Сепак, активно го посетуваат околу 60 глуви и наглуви лица кои се дружат, гледаат ТВ, играат шах или читаат списанија.
За потребите на нивните деца има и посебно осмислено катче каде што младите се забавуваат на свој начин.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град