Фирмите кои немаат набавено дефибрилатор ќе плаќаат високи глоби

Високи глоби за фирмите кои немаат набавено дефибрилатор и немаат сертификат за ракување со истиот. Државниот санитарен инспекторат од понеделникот врши интензивни контроли.

 |  Јаковлева Лионела  | 
defibrilatori
дефибрилатори

 

Државниот санитарен инспекторат од понеделникот врши интензивни контроли во фирмите  во кои има повеќе од 100 вработени за да провери дали набавиле апарати за електрошокови, односно дефибрилатори што е предвидено со Законот за здавствена заштита кој стапи во сила од први јуни минатата година. Според него здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи, правосудните органи, единиците на локалната самоуправа,трговски друштва со над 100 вработени, како и хотели со капацитет над 100 легла. Доколку немаат казните се високи. За правно лице изнесуваат од 1800 до 2200 евра, а за физичко лице од 500 до 800 евра. Поголем дел од охридските фирми вознемирени. Велат дека не биле доволно информирани околу набавката на дефибрилаторите, а незнаеле и каде и како да се обучат и да добијат сертификат. Од санитарниот инспекторат кажуват дека се е јасно издефинирано во правилникот и дека тоа е само изговор на оние фирми кои несериозно го сватиле законот. Од таму додаваат дека им бил даден рок повеќе од една година за да ги испочитуваат законските обврски.  Објаснуваат дека Црвениот Крст на Македонија на ниво на држава веќе врши обуката за ракување со полуавтоматските надворешни дефибрилатори. И општинската организација од Охрид,  ја спорведува истата.defibrilatori

Ние веќе подолго време вршиме обуки за ракување со дефибрилатор. Обуките ги спроведуваат стручни тимови од Црвен крст, но и меѓународни преставници. Сертификатот кој ќе го добие фирмата после обучувањето кај нас е валиден за инспекциските служби, вели Антонио Додевски- секретар на Црвен крст- Охрид.

Според Законот за здавствена заштита  пет вработени од секоја компанија би требало да ракуваат со апаратите. Од Охридскиот Црвен крст велат дека обуките се бесплатни. Овие апарати се направени за лаици.  

Едниствено нешто кое претходно треба да се знае и за што треба да се има и сертификат е укажувањето прва помош инаку потребни се околу 20 минути за едно лице да научи да ракува со овој надворешен автоматски дефибрилатор, вели секретарот на Црвен крст- Охрид.

Од веледрогериите велат дека цената на дефибрилаторите се движи од 2000 до 3000 евра. Тоа и не е така мала сума велат правните лица. Поради тоа премиерот Никола Груевски неодамна соопшти дека донесена е одлука со која државата ќе помогне во набавка на дефибрилатори кај сите матични лекари во руралните средини. Тие треба да ги купат дефибрилаторите, а потоа парите што ќе ги дадат ќе им бидат одбивани од закупнината што ја плаќаат месечно за користење на државниот простор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top