• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Глобалната финансиска криза нема да има директно влијание врз македонскиот пазар на капитал

Глобалната финансиска криза нема да има директно влијание врз македонскиот пазар на капитал

Може да се очекува зголемување на каматните стапки на банкарските кредити, оценуваат експертите. Заедно со новинарите тие учествуваат на работилница-  „Медиумите, информациите за пазарот на капитал и јакнење на корпоративната одговорност“.

 |  Тања Кувенџиска  | 
usaid
usaid

Може да се очекува зголемување на каматните стапки на банкарските кредити, оценуваат експертите. Заедно со новинарите тие учествуваат на работилница-  „Медиумите, информациите за пазарот на капитал и јакнење на корпоративната одговорност“.

Глобалната финансиска криза нема да има директно влијание врз македонскиот пазар на капитал. Може да се очекува зголемување на каматните стапки на банкарските кредити, оценија експертите. Според нив, домашните компании се во добра кондиција. Цената на нивните акции паѓа, но главно, поради психолошкиот ефект кај инвеститорите, а не како резултат на реалните економски текови.

ekonomistiГлавниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, оцени дека засега, последиците од економската светска криза врз македонскиот пазар на капитал се лимитирани. Тој ја квалификува глобалната криза како автохтона, создадена во големите, развиени економии, а не како криза што потекна од реалната економија, а тоа, како што рече, има добра и лоша страна. Заедно со новинарите, претставниците од Комисијата за хартии од вредност,  учествуваат на работилницата „Медиумите, информациите за пазарот на капитал и јакнење на корпоративната одговорност“, која денес и утре се одржува во Охрид.

Работилницата во Охрид ја организираат Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Проектот за деловно опкружување на УСАИД. Попладнево, беше потпишан и меморнадум за соработка меѓу комисиите за хартии од вредност на Македонија и на Србија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top