Економијата во Македонија е стабилна. Нејзината политика е ориентирана кон НАТО и ЕУ.
Македонија има стабилна економија, нејзината политичка атмосфера е ориентирана кон НАТО и ЕУ. Нашата земја најверојатно ќе беше членка на НАТО и ќе беше пред влезот во ЕУ доколку немаше попречување од една земја членка затоа што Македонија ги исполни условите за членство уште во 2008, и за почеток на преговорите со ЕУ за полноправно членство во 2009 година.Ова го истакна премиерот Никола Грувески на Вториот глобален инвестициски самит што се одржува денеска и утре во Охрид во органзиација на „Македонија 2025“.
Груевски рече дека ваквите настани се можност да се затскрие од џагорот на дневнополитичките настани и да дебатира и размислува за економската визија на Република Македонија.
– Само визијата, зад која стои легитимна демократска поддршка и одлучната акција за нејзино преточување во реалност може да и овозможат на една држава побрзо и посигурно да зачекори на патеката на економскиот просперитет. Истовремено, како политичари изложени сме на силен притисок да испорачаме резултати во краток рок, за да ја зачуваме конкурентноста на сопствената политичка опција. Оттука, главниот предизвик е да се најде вистинксиот баланс меѓу краткиот и долгиот рок иако за волја на вистината, многу пати досега сме жртвувале некои краткорочни успеси во интерес на остварувањето на долгорочната визија за посилна и поконкурентна македонска економија, истакна премиерот Груевски.
Премиерот додаде дека се уште најголем предизвик на Владата е невработеноста иако во исклучително тешки услови таа е намалена од 38 на 28 проценти. Според Груевски и понатану интензивно ќе се креираат мерки и политики за отворање нови работни места во Република Македонија.
Премиерот се осврна и на иновациите за што рече дека се клучот за долгорочен успех на земјата. Потсети дека сега Македонија на листата на глобалниот индекс за иноваци е на 51то место.
И претседателот на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски рече дека економскиот развој е најважен за иднината на земјата.
–Сакам Македонија да успее, да видам мотивирани фирми кои ќе усвојат иновации, да видам странски директни инветиции. Македонија да напредува на национално и регионално ниво, потенцира Зафировски.
Инаку главни теми на Вториот глобален инвестициски самит на кој денес и утре ќе дебатираат 350 учесници – претставници на Владата и бизнис секторот, се конкурентноста на националната економија, стимулирањето иновации и промоција на човечкиот капитал како клучни фактори за развој на македонската економија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град