Продолжува евиденцијата на угостителски објекти од мал обем, кои се обврзани да се катагоризираат.
Против лицата кои немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки, велат од туристичкиот инспекторат.
Комисијата за категоризација при Секторот за туризам и локален економски развој продолжува со евиденција на угостителските објекти од мал обем, кои согласно Законот за угостителска дејност се обврзани да се регистрираат. Против физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки. Парично ќе бидат казнети и правнитеи физичките лица кои не ја подмируваат туристичката такса за гостите кои пестојуваат во нивните објекти.
Станоиздавачите кои им издаваат соби на туристи, а немаат склучено договор со некоја туристичка агенција ризикуваат парично да бидат казнети со глоба во висина од 400 евра. Толкава е казната и за издавање на објекти што не ги исполнуваат минималните технички услови и не се категоризирани. Од туристичкиот инспекторат велат дека ќе се санкционираат сите кои го повредуваат законот.
Последниве години е зголемена наплатата на туристичка такса но сепак има и такви станоиздавачи кои одбегнуваат да ја извршат својата должност на која се обврзани со закон.
Евиденцијата и категоризацијата на сместувачките капацитети започна уште во 2005 год. До сега од страна на секторот за локален и економски развој евидентирани се над 1300 станоидавачи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град