Сопствениците на глисерите и на скутерите ќе мора и ова лето да ја почитуваат забраната за пловење од 1јули до 31 август. Од Охридската капетанија велат дека сеуште недостасува наутичка култура за да дојде до прекин на забраната.
И ова лето сопствениците на глисерите и на скутерите ќе мора да ја почитуваат забраната за пловење од 1јули до 31 август со која не смеат да сообраќаат во езерото од 11 ди 19 часот. Иако тие имаа поднесено иницијатива за укинување на оваа забрана од Охридската капетанија било констатирано дека со тоа во голема мера ќе има нарушување на безбедноста во водите на езерото, па затоа таа останува на сила.
Заклучокот е донесен врз основа на податоците кои ги имаме за периодот кога нема забрана. Констатирано е дека воопшто не се почитуваат правилата па ова е резултато поради недостиг на наутичка култура, вели капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски.
Законските одредби посебно ги прекршуваат скутерџиите. И ова лето забележани се неправилности и против сите оние кои го прекршуваат законот преземени се санкции.
Ние не пропуштаме ниту една секунда да не делуваме едукативно и сугестивно на било кој што е во езеро. Нашата методика не е да одиме и да казнуваме туку најпрво да им укажиме на некои последици бидејќи претходеше период кога не се третираше оваа сфера па сега треба време да се прифатат новите правила, вели Устијаноски.
Најчест проблем со кој се соочува капетанијата и глисирањето блиску до брегот, како и возењето скутер внатре во обележаниот простор за капачите. Устијаноски вели дека работите од година во година се подобруваат, но уште треба ад се работи на наутичката култура на некои поединци.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град