Со главата во сообраќаен знак

Граѓаните реагираат, на одредени места во градот постојат „опасни“ сообраќајни знаци.

 |  Валентина Нелоска  | 

Поставени на тротоар на висина од метар и шеесет, наместо да ја вршат функцијата, тие го прават споритвното. Не е мал бројот на граѓаните кои завршиле со главата во сообраќајниот знак.

soobrakaen znakЛуѓето со просечна висина ако само за момент не внимаваат што има пред нив, можат да бидат непријатно изнендени. Постои и веројатност  да завршат  со повреда на главата. Сведоците на неодамнешен случај велат дека токму ова му се случило на турист од Србија.

Од фондот за комунален развој се непријатно изненадени од ова сознание.

„Сообраќајните знаци се поставуваат согласно правилникот, и пропишаните стандарди, а доколку има вакви појави ќе бидат корегирани“, објаснува Шикалоски.

Тој укажува  и на една друга негативна појава на се почесто уништување на сообраќајните знаци. Тој упатува апел до граѓаните за совесно однесување кон сообраќајните знаци.
Шикалоски вели дека сторителит кои ги уништуваат сообрачајните знаци подлежат на законски санкции, но истите во пракса е многу тешко е да се фатат на дело и да се поведе судска постапка против нив.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top