Глас за Македонија: Силата е во работоспособниот народ

Од Глас за Македонија сметаат дека силата на државата е пред се во работоспособниот народ да создава материјални добра. Акцент ставаат на економски гранки како производството на храна, туризмот и угостителството, занаетите, уметностиоте, информатичките технологии. Ќе се залагаат за специјален Секретаријат при министертвото за економија кој ќе функционира и на регионално ниво, поврзувајќи ги малите и средни бизниси меѓу себе.

 |   | 

„Охрид како регионален и државен центар на туризмот мора да се приспособи во нови услови во услови на голема светска пандемија. Затоа акцент треба да се стави на регионалните ресурси и можности, а ние предлагаме формирање на специјален Секретаријат при министертвото за економија што ќе ги поврзува малите и средни бизниси. Сакаме да се создадеме специјален Секретаријат при министертвото за економија кој ќе функционира и на регионално ниво, поврзувајќи ги малите и средни бизниси меѓусебе, но да ги поврзува и на државно ниво. Во таа насока ќе има и регионални канцеларии со задача да делуваат со мали и средни претприја кои ќе бидат поврзани во секретаријатот, во кои ќе членуваат претставници на производителите, занаетчии односно даватели на услуги и тие директно во министерството ќе ги креираат економските политики што е потребно да се понуди на пазарот, што да се произведе, потенцира проф. д-р Наташа Котлар Трајкова, носител на пратеничка листа од партијата Глас за Македонија во 5ИЕ. 
Особен акцент даваме на земјоделието кое треба да биде главна стратешка гранка, создавање на дистрибутивни центри, поголем број на откупни центри, создавање на поврзаност во дејностите, фестивали и саеми на кои ќе се промовираат регионалните добра и производи, а ќе се определиме и за бесплатен маркетинг во доменот на соодветните министерства кој ќе биде понуден на малите и средни претпријатија. Сакаме да понудиме и олеснувања во фискалната политика каде ќе се олесни принципот на плаќање на даноци, истакна Котлар Трајкова.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top