Гимназијалците од Струга на протест

Учениците од струшките средни училишта  „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“  денеска  со мирен протест го изразија својот револт  против онлајн настава. Вевчанци пак разочарани што не добиле согласност за настава со физичко присуство од 4то до 9то одделение предлагаат нивното училиште да биде пилот проект на Министерството за образование и Комисијата за заразни болести за следење на епидемиолошката слика доколку се дозволи децата да одат на училиште.

 |   | 

 Учениците од  струшките  „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“  денеска  со мирен протест го изразија својот револт  против онлајн настава, а нивните врсници  од Дебар го бојкотираа првиот училишен час.  Бараат образовен процес со физичко присуство. И општина Струга ги поддржа средношколците, од таму  денес повторно испратиле барање да се преисппита одлуката.

-Видовме дека има многу пречки и невозможно е наставата да тече онлајн како што треба затоа на Совет доднесовме одлука и ппобаравме од министерство да се реализира настава со лично присуство на децата“ изјави  Дашмир Насуфи шеф на кабинет на градоначалникот на Струга.

И вевчанци жестоко реагираат, непријатно изненадени од одлуката на Комисијата за здравство, која им го одби барањето за настава со физичко присуство. Велат ОУ „Страшо Пинџур“  е едно од најсовремените во земјава и ги исполнува сите услови.

„Условите за работа во училиштето се прекрасни. Имаме 1400 м2  корисна површина. Направени беа сите протоколи се организиравме , обезбедивме с`е што е потребно  за одвивање на наставата со физичко присуство “, вели Жарко Лешоски директорот на ОУ „Стршо Пинџур“ Вевчани.

Најголем проблем во Вевчани е тоа  што учениците од 4 то до 9 то одделение  немаат компјутери за следење на настава од далечина. Родителите   најавија протести  доколку не добијат дозвола за настава со физичко присуство.

„Има родители со три деца во семејството така да тука е најголемиот прблем и најголемиот револт. Има разочарување кај децата со голема желба чекаа да почнат на училиште со физичко присуство“, вели Зорица Попоска претседател на Совет на родители.
Од општина Вевчани предлагаат нивното училиште да биде пилот проект на Министерството за образование и Комисијата за заразни болести за следење на епидемиолошката слика доколку им се дозволи настава со физичко присуство. Доколку биде успешен проектот и наставата би се реализирала без проблеми би се вклучиле и други училишта кои ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство.


“Во анкетата што ја направи основното училиште скоро 98% од граѓаните избраа настава со физичко присуство тоа ние го респректиравме Советот на општина вевчани донесе одлука  за одвивање на настава со физичко присуство да не речам први бевме што испративме таква одлука“, вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Вевчани.

Гимназијалците од Струга и  Дебар најавија бојкот на онлајн наставата и протести и во следните денови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top