На старата дама и се врати нејзиниот француски шешир

Гимназијата Св. Климент Охридски си го врати својот некогашен лик по кој била препознатлива надалеку. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите простории во нејзиното поткровје.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gimnazija
гимназија

 

Гимназијата Св. Климент Охридски си го доби својот некогашен лик по кој била препознатлива надалеку. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите простории во нејзиното поткровје.  Како што рече градоначалникот Александар Петрески на старата дама и се врати нејзиниот француски шешир. Тој потсети дека градбата на поткровјето започна во 2006 година, а се реализира со средства од Локалната самоуправа и Светската банка.lenta

Градоначалникот кажа дека покрај овој дел се реновирани и внатрешните простории, а обновена е и фасадата на Гимназијата. Целата таа инвестиција чини околу 700 000 евра.

Директорот на гиманзијата, Наум Рилкоски изрази голема благодарност до Локалната самоуправа и градоначалникот за помошта во реализирањето на проектот. Тој рече дека просторот во поткровјето кој опфаќа 1000 метри квадратни, ќе биде искористен за кабинети на наставниците, канцеларии на младинските организации, а ќе има и галериски дел каде ќе се наоѓаат фотографии и записи за историјата на Гимназијата од самото нејзино градење, па се до денес.

За Гимназијата, една од најавтентичните архитектонски градби во Охрид, стара повеќе од 100 години, проф.д- р Павле Митрески напиша и монографија насловена како„ Охридската гимназија“. Таа денес беше промовирана токму таму. Д-р Митрески истакна дека во неа е содржан историјатот на гимназиијата од градењето, турбулентните времиња и периоди низ кои опстојувал објектот, па се до денес. Авторот видно возбуден и со солзи во очите рече дека е пресреќен што ова дело кое се подготвувало повеќе од 5 години го виде светлото на денот.

Сите овие настани се дел од празнувањата по повод „Св. Климент Охридски Чудотворец“. Во рамки на оваа свеченост, беше потпишан и меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и српската општина Инџија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top