Ќе се реновира и фасадата на економското училиште.
Ќе се реновира и фасадата на економското училиште.
Учениците од гимназијата Св. Климент Охридски второто полугодие ќе го започнат во објект со целосно нова надворешна дограма. Ќе се менуваат сите 108 стари прозорци. Со тоа ќе се постигне поголема изолација и заштеда на енергија, велат од Локалната самоуправа.
„Ова е заокружување на проектот за санација на гимназијата- објект кој има образовно, но и културно значење и датира од 1908 година“, објаснува Митре Велјаноски.
Станува збор за инвестиција вредна три и пол милиони денари- издвоени од општинскиот буџет.Планирано е зафатите да завршат до почетокот на второто полугодие од учебната година.
Ќе се реновира и фасадата на економското училиште. За оваа цел издвоени се милион и пол денари.
Ова се само дел од проектите во рамки на инвестиционата програма на Локалната самоуправа, планирани да се реализираат во текот на 2009 година. Вкупниот износ на средства наменети за инвестиции во образованието за годинава се околу 32 милиони денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град