Салата „Биљанини извори“ по прв пат домаќин на балканско и интернационално првенство во гимнастика.
За прв пат во Македонија, односно во Охрид, се организира Балкански јуниорски шампионат во спортска гимнастика и Интернационален натпревар „Битола 2009“. Започнувајќи од денес, првенството ќе трае до 27ми септември. Организатор на настанот е „Федерацијата за гимнастички спортови“ на Македонија. „Аплициравме до меѓународната и светската федерација за гимнастика, и успеавме оваа година да ги донесеме првенствата во Охрид“, вели Љупчо Арнаудов, претседател на македонската гимнастичка федерација.
„За прв пат во својата историја Охрид е домаќин на вакво случување“, вели Арнаудов. Квалификациите за балканското првенство ќе се одржат во петок на 25ти септември, со почеток во 11 часот. „Македонските натпреварувачи иако во силна конкуренција, се надевам дека ќе не претстават во најдобро светло“, вели тој.
Отворањето на првенството ќе се случи на 26ти септамври, сабота во 11 часот. „Посетителите на настанот, а воопшто и јавноста ќе дознаат дека на еден дел од „Биљанини“ во најскоро време ќе никне нова гимнастичка сала“, најавува Арнаудов. Исто така апелира посетеноста во салата да биде максимална, бидејќи влезот во салата за сите љубители на овој атрактивен спорт ќе биде бесплатен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град