Германски квалитет, по ниски цени

Германските моторни масла „Pennasol“ го освојуваат македонскиот пазар.

 |  Крсте Голабоски  | 
masla
масла

masla„Pennasol“ германските синтетички моторни масла, чија одлика е несомнено нивниот голем квалитет, сега можат да се најдат и на нашиот пазар. Благодарение на фирмата „Стиринг Трејд“ оваа виоскоквалитетна палета на производи веќе се наоѓа во продажба. Менаџерката за продажба за овој дел од Балканот, на реномираната фирма „ Pennasol“ Евелин Линдехарт, кажа дека македонскиот пазар сега е мета на нивно дејствување.

Имено, станува збор за моторни масла, за сите видови патнички возила, како и за индустриски масла, производи на рафинеријата Олдбергер. Мирко Тортевски, бренд менаџер на застапниците „Стиринг Трејд“, потенцира дека контролата на квалитетот на овие производи, се врши во сопствените лаборатории во Германија, во опкружување во кое строгите контроли не дозволуваат никакви импровизации.

Тортевски додава дека овие производи се еколошки, податок многу важен за нашата земја. Задоволени се ЕКо3 и ЕКО 4 стандардите. На минимум е сведено и количеството на тешки метали, како и количеството на Фосфор и Сулфур, со што оштетувањата на моторот се минимални. Тортевски најавува наскоро и промоција на производи, кои ќе се менуваат на долги интервали до 100.000 км без штета врз возилата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top