Охридскиот црвен крст во работата повторно ќе применува нови Германски искуства

Тимот кој пет дена беше на обукa кај своите колеги во Бамберг, се врати воодушевен од Германија.

 |  Маленкова Татјана  | 
Crven krst vo Germanija
Црвен Крст во Германија

Шестчлена делегација  од Охридскиот Црвен Крст, составена од спасители на вода и спасители на планина беа 5 дена во посета на Црвен крст Бамберг – Германија. „Целта на оваа посета беше да го разработиме нивниот систем на функционирање и на работа не само во сегментот на спасување и на дејствување при катастрофи, туку и организационо, самата поставеност на Црвениот крст таму и соработката со институциите како што се локалната самоуправа и државата“, вели претседателот на ОО на Црвениот Крст, Сашо Точко.

„Луѓето не печекаа прекрасно, беа отворени кон нас можеа и тие да изразат задоволство пошто на две Crven krst vo Germanijaгодини доаѓаат кај нас што нашата организација многу напредува , она што кај нас недостасува што констатиравме ние а и тие е соработката со институциите кои се надлежни повеќе да имаат сенс слух да вложуваат во институции кои што имаат капацитет да се справуваат со вакви сензитивни проблеми и работи. 04:09  05:15 кај нас тоа што недостасува е тоа што системот на функционира на тој начин туку поинаку, и затоа има недостатоци и многу импровизации“, вели претседателот на ОО на Црвен крст, Сашо Точко.

Точко додава дека се воодушевени од тоа како функционира системот.  Објаснува дека во Германија имаат единствен повикувачки број 112,  каде откако ќе се пријави случај, службите на црвениот крст кои ја работат итната медицинска помош, спасувањето на планина и на вода, се должни од 10 до 12 минути по повикот да дојдат на лице место и да интервенираат соодветно. Присуствувавме и на интервенција, и имавме и што да видиме и што да научиме, вели претседалот на ОО. Тој додава дека со нивна помош охридскиот црвен крст добил соодветна опрема во делот на првата помош, во делот на укажување на посложени интевенции, а добиле и финасиска помош за набавка на униформи за единиците на црвен крст кои работат на ова поле и дека во текот на наредниот месец  ќе обезбедар дел од тие униформи.
Тимот од Охрид го посетил и координативниот центар.  Виделе како функционира тој систем, како е се поврзано. Овој ситем функционира на аналогна основа, вели Точко.

„Замислете германија  дури наредната година ќе воведе дигитализација. Не дека е тоа случајно. Не дека тие немаат можност да воведат, но се претпазливи. Аналогниот систем го чуваат и три години ќе дадат можност да видат како ќе функционира дигиталниот систем. Ние се пофаливме дека имаме дигитален ситем, не само овде туку во цела држава , но се пофаливме и дека тоа е за facebook, интернет и за кабловски телевизии. Дигиталниот сиетм променет во оној ситем кај што тие го имаат сме многу далеку од тоа и начинот на Crven krst vo Germanijaразмислување е далеку  и пристапот и обученоста на екипите“, вели Точко.

При гостувањето во Бамберг и нашите тимови ги презентирале техниките на спасување и укажување на прва помош кои се применуваат кај нас. Овие техники не се разликуваат од она што го знаат германците, наш единствен недостаток е опремата  која тие ја поседуваат.
Инаку,  соработката на ОО на Црвениот крст со Црвен крст од Бамберг – Германија постои од 1987 год. кога беше потпишан и протокол за соработка, поточно збратимување.

Следната година, во Охрид ќе има камп, на кој, гости ќе бидат од Црвен Крст Бамберг, кои ќе ги споделат своите вештини и искуства и ќе се дружат со нашите екипи во нашиот тренинг центар  во Велестово.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top