Германците задоволни

Позитивни импресии на Германските тур – оператори, по неколку дневниот престој во Македонија.

 |  Татјана Маленкова  | 
Plaoshnik
Плаошник

Позитивни импресии на Германските тур – оператори, по неколку дневниот престој во Македонија.

PlaoshnikЗа нив ние сме нова и недоволно промовирана дестинација. Македонија е одличен спој каде се преплетуваат културата, недопрената природа и добрата храна и вреди да се посети, порачаа гостите од Германија.
Германските тур-оператори кои деновиве беа во посета на Охрид и Македонија со цел да се запознаат со она што нашава земја го нуди на полето на туризмот, си заминаа со позитивни имресии. За нив ние сме нова и недоволно промовирана дестинација. Сепак, очекуваат брз растеж на македонскиот туризам, вели Аница Палацо раководител на ГТЗ за нашиот регион.
„Особено сум изненаден од неочекувано добриот квалитет на хотелското сместување, од гостопримството на лугето од природата и единствена желба ми е домашните агенции и државата да се заложат да се пласира овој дел како туристичка дестинација за нашиот пазар“, порача Холгер Бинде-Кастел од туристичка агенција GESNE, Германија.
Валтер Кромбах е член на фондацијата која се занимава со едукација на германските тур оператори на кои им се препорачуваат дестинации кои не се познати и не се доволно откриени, вели дека сериозен проблем има со слабата комуникација со Македонија, лошиот и нередовен авионски превоз како и непостоењето на конкурентни цени во авио сообракајот.
И во овој момент има понуди за Македонија во германските туристички агенции, но треба да се направат многу повеќе напори да се зголеми интересот кај германците за вашата држава, порачуваат гостите од Германија кои изминативе неколку дена покрај Охрид го посетија винскиот регион на Неготино и Кавадарци, Централна Македонија, Скопје како и Националните паркови „Пелистер“ и „Галичица“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top