Со оваа германско-македонска соработка во наредните две години ќе се обучат најмалку десет промотери кои ќе се стекнат со сертификат за менаџери за одржлив туризам. Исто така, друга важна цел на проектот е вклучување на претставници на поширокиот активен туристички сектор од Македонија, со кои веќе се остварија и првите контакти. Се надеваме дека овој проект во голема мерка ќе придонесе за туристичкит развој на Охридскиот регион, додава Рајн. Проф.Д-р Сашо Коруноски – Декан ФТУ Охрид истакна дека станува збор за соработка која трае 2-3 години и дека текот на оваа соработка се однесува најмногу на одржливоста на туризмот.
„Не одиме со некакви огромни зафати кои би значеле голем ризик за нивниот успех, туку чекор по чекор таа соработка во насока на одржливост ја развиваме. 2-3 години сме во контакти со Универзитетот во Еберсвалде,а денес го започнуваме конкретниот проект“ додава Коруноски.
Одвивањето на тренинг единиците ќе го одредуваат македонските учесници, кои активно го обликуваат концeпирањето на проектот. Обуките ќе се
одвиваат во охридскиот регион и во Берлин/ Бранденбург (Германија). „Германско-македонската тренинг програма и мрежа ‚Одржлив туризам‘“ започна во октомври 2011 со финансиска поддршка од „Германската сојузна фондација Животна средина (ДБУ)”.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град