Георгиески ветува нова пешачка патека кај Билјанини извори

Охрид добива нова пешачко – рекреативна патека од паркот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско рекреативен центар, ветува кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијта, Константин Георгиески.

 |   | 

Охрид добива нова пешачко – рекреативна патека од паркот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско рекреативен центар, ветува кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиески.

Според идејното решение, должината на патеката е 265 метри и предвидено е да има аморфна форма со променлива ширина. Планирано е да биде опремена со модерна урбана опрема и осветлување. Патеката ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите. На западната страна е предвидено да има и велосипедска патека за да има целосно рационално користење на просторот. Нудиме квалитетни и издржани проекти кои се од големо значење за Охрид како туристички и културен центар. Ја имаме најдобрата програма за нашата општина – вели Георгиески.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top