Георгиески: Со ребалансот ќе се крати се освен капитални инвестиции

Ослободувањето на угостителите од плаќање надомест за градежно земјиште и комунална такса се само првични мерки од општината за олеснување на последиците од корона кризата. Посериозните мерки за помош на локаланта економија ќе следат со ребалансот на буџетот тежок 40 мил денари.  Ќе се крати се освен капитални инвестиции, вели Градоначалникот.

 |   | 

Се подготвува Ребалансот на Буџетот  тежок 40 милиони денари како заштеда во однос на расходната страна е подготвен. Кратење на трошоците за репрезентација се подразбира, трошењето на угостителски услуги и службени патувања  ќе се сведе на минимум, ќе се кратат голем дел непродуктивни трошоци вели градоначалникот Георгиески.

„ На пример имавме планирано да набавиме пајак возило оваа година. Но тоа ќе го оставиме за некои подобри времиња. Беше планирана постапка за оперативен лизинг за набавка на возила за општината. И тоа ќе го одложиме. Дел од активностите на Секторот за ЛЕР ќе се пренаменат. Имавме предвидено околу 3,5 милиони за субвенционирање на транспортот за секое работно место кое што е на поголема далечина од центарот на градот и тоа ќе го оставиме за понатака. И ред други ставки.“ – вели Георгиески.

Во ребалансот ќе се крати се освен капитални инвестиции. Покрај отпочнување со градежни активности за реконструкција на улицата Абас Емин, во моментов се работи на пробивање нова улица низ касарната, каде работите се во понапредна фаза, исто во тек се и градежни зафати на влезот во Охрид од кај Битола, каде улицата 15ти Корпус ќе се реконтруира во должина од 2 км.
Корона кризата ја затекна општината во еден голем инвестиционен циклус но и во процес на раздолжување кој го проблематизира финасирањето на одредени планирани проекти бидејќи приходите на општината се драстично намалени, Вели Градоначалникот.
 
„Процесот на раздолжување кој го започнавме минатата година  доведе до тоа ние да преземеме голем дел обврски по однос на спогодби, па покрај капитални инвестиции имаме и голем број спогодби за исплата и не чека еден тежок и напорен период во кошто од една страна ќе мора да мислиме на фирмите, бзинисот, компаниите, како да им помогнеме,  а од друга страна да продолжиме во насока на обезбедување солвентно работење на општината.“– смета Георгиески.

Најдоцна до средина на мај ќе започната работите за  реконструкција на улиците „Прва македонска ударна бригада“ и „Охридски бригади“. Но намалените приходи во општинската каса ги проблематизира инвестициите во повеќе училишта планирани за летниот период.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top