Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 62-та седница на Советот на Општина Охрид.

Со цел да обезбедиме подобра функционалност на буџетските средства во насока на исполнување на приоритетните потреби и барањата на граѓаните, со денешниот ребаланс на буџетот вршиме внатрешна прераспределба на средствата по годишните програми за работа на секторите на општината.
Согласно мојот принцип на транспарентност, сакам да ја информирам јавноста дека со ребалансот на буџетот се релоцираат вкупно 43 милиони денари до програмите каде што имаме повисока реализација и средствата од непродуктивните трошоци, ги пренасочуваме за реализација на инфраструктурни проекти и други важни инвестиции.
Нашата цел е да продолжиме да работиме посветено во исполнување на сите планови и програми кои се во интерес на охриѓани. Очекувам дека во иднина, како и до сега, ќе оствариме значајни резултати во сите сегменти, кои ќе овозможат подобар развој и подобра иднина за нашата општина, истакна градоначалникот Георгиески во изјава за медиумите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град