Георгиески: Ништо нема да го погоди Охрид како губењето човечки животи

Рестрикциите за време на празниците ќе ја погодат охридската економија но ништо нема да го погоди градот посилно од губење човечки животи и болни луѓе, вели Градоначалникот Константин Геогиески. Тој апелираше до охриѓани да не се групираат.

 |   | 

Новите рестрикции за претстојните Новогодишни и Божиќни празници силно ќе го погодат Охрид како туристички центар. Првиот човек на градот вели дека во вакви услови здравјето на граѓаните мора да биде приоритет.

„Ништо нема да го погоди градов толку колку колку што би го погодило губењето на човечки животи и се поголемиот број на болни луѓе. Охрид, независно што е туристички центар , погоден е како цел свет од пандемијата и едноставно мора да издржиме до некое нормализирање на состојбата. “- вели градоначалникот. 

Во рестораните и кафе баровите мора да се почитуваат протоколите за заштита од вирусот. Градоначалникот смета дека поголем проблем претствува групирањето во затворени простории и апелираше до своите сограѓани на совесност.

„Клучно е групирањето на луѓето на семејни прослави, претстојните слави, групирање по кафани и ресторани да изостане. Собирите кои што се на отворено доколку се со почитување на мерките , одржуваат дистанца и носат маски мислам дека нема опасност по здравјето на луѓето. Дружењата во затворен простор се темпирана бомба. “- посочува Георгиески. 

Во однос на апелот од Министерот за здравство и комисијата за заразни болести општините да го засилат надзорот за почитување на забраната за собирање на граѓаните на јавни површини Георгиески вели дека сите мерки и насоки кои што ги добиваат од здравствените власти ќе ги спроведат но потребно е истите да бидат попрецизни. Локалната размислува за поставување редари пред маркетите поради очекуваните гужви за време на претстојните празници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top