Првиот човек на општина Охрид вели не му е потребна уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби, бидејќи тоа е надлежност на Општината.Еко активистите сметаат дека одлуката на Уставен е во корист на урбаната мафија. Уставниот суд на вчерашната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба.
Без оглед на одлуката на Уставниот суд, со која се запира Уредбата на Владата за враќање на плажите во првобитна состојба,, ќе продолжи акцијата за отстрнување на дивоизградените објекти и раслчистувањето на крајбрежието.
Првиот човек на општина Охрид вели не му е потребна уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби, бидејќи тоа е надлежност на Општината.
Според охридскиот градоначалник во уредбата на Владата не се споменува дека Општина Охрид треба да урива туку дека Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи треба да го затворат објектот кој откако му истекол договорот за закуп продолжил да работи. Ние како Општина имаме правосилни решенија со кои ги уриваме објектите, односно го враќаме просторот во првобитна состојба бидејќи тоа не го сторил концесионерот.
Ова е битка за спас на Охрид и статусот на Унеско, вели градоначалникот.
„Во однос на отстранување на бесправно изградените објекти, се работи за процес кој е од голем интерес и притисок на јавноста од сите сфери. Процедурата за отстранувањето за бесправните објекти во општината е изоставена години наназад не било вршено соодветно санкционирање на бесправното градење. Годин наназад не функционирал еден цел систем и затоа денес имаме една ваква состојба“, вели Георгиески.
Уставниот суд на вчерашната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга. Активистите од Охрид ЅОЅ сметаат дека одлуката на Уставен е во корист на урбаната мафија.
-„Наместо овој суд да го штити највисокиот акт од државата Уставот, токму тој безочно го криѓи а со тоа ги негира основните права на граѓаните. Го подрива правниот поредок и поставува преседани чии шт последици ќе ги чувствуваат многу идни генерации. Охрид ЅОЅ ќе продолжи да се бори за спроведување на препораките на Унеско“ , вели Драгана Велкоска од Охрид ЅОЅ.
Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано беше на владина седница на 9 јуни, откога почнаа подготовките, но и првите уривања на плажите во Охрид на кои им истекол договорот за закуп и се сметаат за дивоградби. Во соседна Струга, не ни почна оваа акција. Општина Струга заедно со концесионерите ја обжалија уредбата на Уставен суд, а денес ја поздравија како правилна одлука и велат нема да се уриваат објектите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град