• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески: Досега покажав што значи љубовта за Охрид и дека моите намери се искрени и чесни

Георгиески: Досега покажав што значи љубовта за Охрид и дека моите намери се искрени и чесни

До сега покажав што значи љубовта за Охрид и дека моите намери се искрени и чесни. Јас сум човек што никогаш не се откажува и затоа продолжувам заедно со вас уште посилно, уште похрабро, уште попосветено да работам за интересите и иднината на нашиот град, порача Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, по првичните резулатати од изборниот ден.

 |   | 

Георгиески им се заблагодари на граѓаните за довербата и поддршката.

Таа е мој мотив и сила да продолжам понатаму во уште една важна битка. Охрид мора да продолжи да оди напред, во Охрид мора да победат искрените намери, вистинските проекти и мерките кои носат подобар живот за сите. Верувам во вас мои сограѓани и во вашата вистинска одлука со која нема да дозволите Охрид да се врати назад во рацете на режимски политичари без визија и концепт – порача Георгиески, по првиот круг од изборите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top