„Геноцид 21“, на Охридско лето

Претставата е во режија на Владлен Александров, а по текст на Љубиша Георгиевски, започнува театарскиот дел од програмата на овогодинешното Охридско лето.

 |  Крсте Голабовски  | 
Genocid 21
геноцид 21

Вечниот конфликт на џелатот и жртвата, тема на вечерашната театарска претстава на „Охридско Лето“, Геноцид 21. Претставата е во режија на Владлен Александров, на текст на Љубиша Георгиевски. Според драматургот Сашо Миленковски „Геноцид 21“ е аутопсија на еден злостор. Форензичарски увид во митологијата, вивисекција на историјата како полужив труп. Плетивото на текстот е времето, кое виси некаде во безвремието, а боли сега и овде. Ова е можеби најхрабриот, и секако, најопстојниот увид во македонско-грчката сторија. Продуцентот Бранко Ѓорчев истакна дека куриозитет на оваа претстава е тоа што, на нашиот национален престижен фестивал „Војдан Чернодрински“, Јелена Жугич ја доби наградата за најдобра женска улога.

„Претставата е би кажал само за два аспекти, се работи за извонредна визуелизација, која само  за мајстор како Владлен Александров може да ја направи, и една жестока актерска игра, која само Јелена Жугиќ и Рубенс Муратовски може да ја создадат. на сцената во тие час и половина., истана Ѓорчев.

presАктерката Јелена Жугиќ на која оваа улога и ја донесе наградата за најдобра актерка на фестивалот „Војдан Чердорински“, истакна дека текстот по кој е работена претставата „Геноцид 21“, на Љубиша Георгиевски, е веројатно еден од најубавите текстови кои имала можност досега да ги изговори на сцена.

„ Магично беше самиот процес на работа, така што колку повеќе го работевме текстот, толку повеќе наоѓавме далбочина, и вистина во него. Знчи беше предизвик како филозофија, да се освои да се разбере и да се интерпретира. беше предизвик и како конструкција на реченица, неверојатно е како не само да се изостави еден збор туку местото да се промени во реченицата, и веќе текстот не е тоа, кажа Жугич.

Актерот Рубенс Муратовски исто така фасциниран од текстот. Кажа дека станува збор можеби за најхрабриот текст со кој досега се сретнал, а кој говори за проблемите кои нас не засегаат. И не само тоа, додаде Муратовски, ова е многу поголем текст кој не се занимава само со нашите македонски проблеми, туку со општи човечки, како односот помеѓу џелатот и жртвата. Според актерот, најубавата и воедно најтешката работа во претставата е способноста на професорот Георгиевски целото негово енциклопедиско знаење преточено во текстот, да го донесе на ниво на филозофија, која  пак е направена блиска за да може да ја разбере секој лаик.

„ Најубавото според мене е што таа филозофија е направена тертар и е гледлива. Се плашевме дека најмалку трипати треба да ја имаш прочитано Илијадата за да сфатиш за што станува збор, но мислам дека без базично знаење може се да се разбере“, вели Муратовски.

На денешната прес конференција беше претстсавена и драмската програма на овогодинешното Охридско лето, која започнува вечерва. Ѓорги Јолевски, драмскиот селектор на фестивалот, истакна дека овогодинешното издание на фестивалот ќе изобилува со вистински доживувања за сите вљубеници во тетарската уметност.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top