„Генетика на кучињата“ утре пред охриѓани

Претставата „Генетика на кучињата“ премиерно ќе биде изведена утре, 16ти април, во 20:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.

 |  Голабовски Крсте  | 
genetika
генетика

Претставата „Генетика на кучињата“ премиерно ќе биде изведена утре, 16ти април, во 20:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.
 
Јован ЦветкоскиОвој пат „Аматер“ подготвија посериозен проект кој бара поголема одговорност од нивна страна, како и поголема екипа и организација на истата. Освен членовите на „Аматер“: Јован Цветкоски, Катерина Петреска, Томе Укоски и Леа Новеска, овој пат актерската екипа брои уште неколку членови: Звонимир Србиноски, Милан Србиноски, Никола Србиноски, Ирина Ристевска, Никола Буџакоски и Дарко Милески. Екипата која работи на подготовка на претставата ја сочинуваат и лица кои се погрижија за музиката, шминката, светлото, како и сценографијата.

При процесот на подготовка „Аматер“ наидоа и на голема поддршка и помош од 2S Studio – Стојан Стојановски, ТВМ Телевизија, печатница Летра, маркети Тамаро, како и многу други луѓе кои на било каков начин допринесоа за полесно и подобра реализација на идејата на младите ентузијасти.
Влезниците ќе чинат 100 денари и ќе бидат во ограничен број (150), а претставата е наменета за лица ПОСТАРИ од 16 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top