Годинава по трет пат се спроведува акцијата под мотото „во природата нема место за отпадоци“ или генерално чистење на паркот од разновиден отпад. Тоа претставува дел од Стратегијата за управување со цврст отпад, која беше изработена во 2008 год, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски.
Факт е дека во минатото на националниот парк не му се посветувало доволно внимание за негово расчистување, вели Ангелоски. Додава, дека проблемот е голем, но со работа веќе се гледаат позитивни резултати на полето за подигање на јавната свест.
Во изминативе три години за расчистување на паркот, потрошени се некаде околу 20 000 евра. Ангелоски рече дека во наредниот период наместо да се подига отпадот, ќе се прават приоритетни работи за паркот.
Акцијата на расчистување секаков вид на отпад во Националниот парк „Галичица“, ќе трае три дена и во неа се вклучени екипите на Македонија пат и ЈП „Охридски Комуналец“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град