„Генералка и лифтинг на Охрид“, од студиото на Комуналец

Пред почетокот на туристичката сезона, Охрид се гланца. ЈП Охридски комуналец продолжи со засадување цвеќе во парковите, но и со сечење на тревата која излегува над бетонот на Охридските тротоари. И жителите на колективните стамбени згради треба да се заангажираат за своите дворови, затоа што според законот за јавна чистота тие се тие кои треба да ги средат.

 |  Татјана Маленкова  | 
komunalec glancanje
комуналец гланцање

komunalec glancanjeСекој да си го среди својот двор. Ова важи и за колективните стамбени згради кои за жал на некои места наликуваат како да сме во џунгла.
Грижата за овие тревнати површини паѓа на товар на домарите на зградите кои треба да обезбедат средства за средување на својот двор. Првиот човек на ЈП Охридски Комуналец Сашо Алче, ја потенцираше законската регулатива за справување со овој проблем.

„Според законот за јавна чистоте член 18 во истиот, жителите на зградта треба да ја одржуваат чистотата на тревната површина пред нивната зграда. ЈП не одржува зелени површини, се додека жителите на зградата не го побараат тоа од нас, вели Алче.

Од друга страна  пак, дека градот не е запоставен, зборуваат и секојдневните ангажмани на екипите на ЈП Охридски Комуналец кои делуваат на терен и очигледно катчињата успеваат достојно да ги уредат.

komunalec glancanje

„ При карј се подготовките за добивање на донацијата за средување на пркот наспроти рибниот ресторан. Имавме сериозни проблеми со добивање на донацијата, но денеска ми кажаа дека и таа активнот е при крај.  Во моментот кога ќе стигне тој матријал, ќе се среди и тој парк. На следниот управен одбор почнуваме постапка за набавување на типизирани клупи и канделбри. До почетокот на сезоната и тој парк ќе биде готов“, изјави директорот на ЈП Охридски Комуналец.

Во рамките на активностите директорот на ЈП Охридски Комуналец најави дека во моментов после шест години се уредува просторот околу чинарот. Алче додаде дека во тек е и акцијата за уредување на кружните токови. Единствен проблем овде, а за кој се изнаоѓа решение е нивното одржување. Поради тоа денеска и утре се оспособува наводнувањето на паркот кај кружнио тек кај болницата.
Инаку Охрид полека но сигурно го добива својот лик, но доколку сакаме нашиот град навистина да изгледа како што му доликува, треба да допринесиме сите, но посебно жителите на колективните стамбени згради.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top