ГДУ: Лажните предизборни ветувања стануваат се понормална и бесрамна традиција

Нaјавата од охридската локална самоуправа за  изградба на баскет игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“ тема на прес конференција на претседателот на ГДУ Охрид. Замислата е добра , но и тој проект ќе остане уште еден во низата ветено неисполнето, обвини Даниел Јорданоски. Според него, и сдсм и вмро дпмне ветувале , не исполнувале и повторно без срам ги повторувале ветувањата со што востановиле една традиција на лажни предизборни ветувања.

 |   | 

Лажните предизборни ветувања стануваат се понормална и бесрамна традиција, обвинуваат од охридскиот огранок на Граѓанско демократската унија. Претседателот на ГДУ, Даниел Јорданоски денеска на прес конференција се осврна на  вчерашната најави од охридската локалан самоуправа за нов проект  изградба на баскет игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“. Јорданоски кажа дека замислата е добра но изрази сомнеж дека  Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт ќе го реализираат тој крупен спортски проект како што тоа било случај со ветениот и нереализиран ултра модерен стадион во Лескоец. 

„Да не ја заборавиме и затворената спортска сала, но можеби и неа ја дислоцирале. Повеќе од очигледно е дека овие ветувања ќе влезат во низата на ветено и неисполнето, заедно со стационарот, затворениот базен кој требаше да биде функционален уште во 2018 год, софистицираната фабрика, фамозната Гасификацијата на Тунтев, УНЕСКО, дивоградбите, канализацијата на повеќе места како Лескоец, Рача, Подмоље и др.“ – кажа  Јорданоски.

Од другата страна пак браќата од ДПМНЕ осудуваат и критикуваат за „ќе“ кампањата, а забораваат дека половина проекти на СДСМ беа и во предизборната кампања на ДПМНЕ уште во 2013 година, посочи Јорданоски.

„ Забораваат дека и тие ветија стационар, затворен базен, модерно спортски центар во Лескоец, канализации и сe останато. Но замислете се сетиле да побараат од Власта да им се извини на охриѓани за излажаните проекти. Пред се, нека дадат пример како се прави тоа, бидејќи и тие со години наназад исто така ги лажат охриѓани. И разумно е да кажат дека „прв пат“ со зборот дивоградби се соочиле во 2017 откако изгубија на локалните избори, исто и за УНЕСКО „прв пат“ слушнаа во 2017. Но добро е важно напредуваме.“ – кажа претседателот на ГДУ – Охрид.

10-15 години ветувате едно исто и без срам го повторувате истото, обвини Јорданоски и порача власта прво да го заврши тоа што го ветила пред да дојде на власт, а дури потоа да ветува нешто друго.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top