Надлежните институции и на локално и на централно ниво децидни. Укинувањето на овие образовни установи не е опција.
Во последниве неколку години, во нашата земја згаснале околу дваесет основни училишта. Ова e показател дека од година во година драстично се намалува бројот на учениците. Секако најзагрозени се училиштата од руралните средини. Експертите велат дека оваа појава пак, од друга страна може да доведе до иселување на младата популација и целосно замирање на животот во овие општини. Министерот за образование, Панче Кралев истакна дека Министерството за образование и наука, не е она кое одлучува дали одредено училиште ќе се затвори, додава дека тоа е одлука која ја носи општината.
„Доколку дојде до еден таков случај, заедно со синдикатот, со директорите, со општините се прават напори во рамки на општината да се најде место за овие вработени и фактот што огромен број трансформирани места се завршени изминатиот период, ја донесе една одрeдба во законот која не дозволува дополнителни вработувања, се додека не се исполни бројот на часови во рамки на една општина. Насоките на МОН се токму да бидат зачувани и загарантирани работните места на сите кои се дел од образованието на РМ“, објасни Министерот Кралев.
Министерот Кралев објасни дека од страна на Министерството максимално се инвестира во руралните средини, а доказ за тоа е проектот за изградба на модуларни училишта, со кој годинава ќе бидат завршени околу 20-тина училишта, кои се градат со едниствена цел, да се обезбедат услови за изведба на наставата, со што ќе се овозможи жителите во овие рурални средини ги задржат своите деца и да останат да живеат во руралните подрачја. На територијата на општините Охрид и Дебрца функционираат околу дваесеттина подрачни училишта. Серафим Наумовски -Раководителот на Одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита при Општина Охрид, истакна дека општините во координација со Министерството за образование и наука прават напори овие образовни установи да опстојат.
„Во подрачните училишта во селските средини продолжуваме и понатака како подрачни училишта ги имаме истите, мислам не ни сакаме да помислиме да укиниме некое подрачно училиште. Како општина остануваме на ставот дека истите треба да продолжат со работа и имаат соодветен број на ученици“ вели Наумовски.
Инаку проблемот на опаѓање на наталитетот и ислеување од руралните општини кон поголемите урбани општини во РМ е реален проблем . Според Заводот за статистика, во 2004 година во Македонија имало 1.010 основни училишта, а во учебната 2009/2010 само 990. Од Министерството велат дека во последните десет години немало укинување на основни училишта и дека овие податоци најверојатно се резултат на привремено затворање на училиштата поради недоволен број ученици или нивно спојување со други подрачни училишта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град