Гасификација во Охрид?

Градоначалникот Александар Петрески најави гасификација во Охрид. Активностите за реализација на еден ваков проект би започнале од образовните институции за потоа дел по дел да се опфати целата општина.

 |  Николоска Биљана  | 
gas
гас

Градските власти во Охрид најавија гасификација. Градоначалникот Александар Петрески тоа го планира како една од мерките за справување со енергетската криза, поради која, многу институции посебно образовните се дават во долгови поради обезбедување на неопходните енергенси за греење.

gas„Планираме дел по дел во градот да воведуваме гасификација, т.е. првата област ќе биде околу Григор Прличев училиштето  каде што ќе поставиме мобилна цистерна за гас од каде што од исто место ќе се грее и Григор Прличев и детската градинка, гимназијата, економското училиште, општината и другите институции се до судот и граѓаните кои живеат на тој дел“.

Според плановите на Петрески нашата општина е прва која ќе го отпочне процесот на гасификација. Тој тоа планира да го направи етапно на целата територија на оптина Охрид.

„Кварт по кварт, дел по дел планираме цел Охрид да го гасифицираме. Сигурно дека има и други мерки што ќе ги преземаме затоа што членуваме во таа комисија наши челнови кои се многу активни и кои работат на ова поле кое е многу битно“.

Градските власти не обелоденија повеќе детали или груба финансиска проценка колку би чинела  реализацијата на еден ваков амбициозен  проект, но потенцираат дека со оваа новина, досегашните трошоци за греење ќе бидат намалени за половина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top