Природните убавини во националниот парк Галичица се почесто ги посетуваат групи од странство, но и од Македонија. Се зголемува навиката и на охриѓани за посета на Националниот парк.
Галичица се попривлечна за посетителите. Нивниот број во последниот период е во пораст за 5 до 10%. На главните влезови во националниот парк поставени се дигитални бројачи кои ги евидентираат возилата, пешаците, велосипедистите. Во тек е обработување на податоците за минатата година.
–Секојдневно пристигнуваат барања за групна или индивидуална посета на паркот. Паркот стана препознатлива туристичка понуда. Ги обележавме и пешачките патеки во должина од 50 километри кои се наменети за пешачење од неколку категории, вели Номче Новески-ЈУНП „Галичица“.
Природните убавини во националниот парк Галичица ги посетуваат групи од странство, но има и од цела Македонија. Се зголемува навиката и на охриѓани за посета на Националниот парк, вели Новески .
–Тоа се должи и на добрата промоција која се спроведува во текот на последните години, како и достапноста на податоците кои се наоѓаат на нашата интернет страница, објаснува Новески.
Со измените во Законот за заштита на природата и Законот за национални паркови, групите низ паркот сега ќе ги водат туристички водичи кои завршиле соодветна обука и добиле сертификат. НП „Галичица“ има двајца лиценцирани водичи, па останатите туристички водичи не ќе може како претходно без најава да го посетуваат и да раскажуваат за националниот парк. Новески кажува дека сега ќе се избегне и пласирањето на различни податоци за паркот, како на пример за висината на врвот „Магаро“ или за протокот на вода во „Билјанини Извори“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град