Галичица „на мени“ кај Петрески

Низа забелешки упатени на адрса на Н.П.Галичица. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, бара одговор на неколку прашања од првиот човек на паркот. Дали основна дејност на паркот е сеча на дрва и зошто го опструира проширувањето и асвалтирањето на патот за Велестово?

 |  Билјана Николоска  | 
np Galicica
НП Галичица

Каде се дрвата од шумата на црквата кај Св. Наум? Дали завршија во рацете на одредени гласачи пред последните предвремени парламентарни избори? Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, бара одговор на овие прашање од директорот на паркот, бидејќи смета дека охридската јавност има право да знае што се случува на тоа поле.
Петрески на истата адреса лоцира и уште еден сериозен проблем, проширувањето и асвалтирањето на патот до Велество. Работите околу средување на овој патен правец биле отпочнати и биле обезбедени и парични средства, но биле стопирани, рече Петрески. Тој додаде дека сеуште е расположен да го среди ова место како што доликува на современите приградски населби, само доколку добие амин од директорот на паркот.
Директорот на Н.П. Галичица Зоран Ангелоски, во врска забелешките и обвинувањата од страна на градоначалникот ќе се произнесе во текот на утрешниот ден, како што и самиот кажа за ТВМ, во кусиот телефонски разговор. Денес бил отсутен од градот поради професионални обврски.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top