„Галичица 2009“

Планинско рекреативниот маратон „Галичица 2009“,традиционално и годинава ќе се одржи на велосипедската патека на паркот.

 |   | 
velospiedisti
велосипедисти

Планинско рекреативниот маратон „Галичица 2009“,традиционално и годинава ќе се одржи на велосипедската патека на паркот.

Одговорните очекуваат поголема масовност на велосипедисти, кои во недела во 9 часот и 30 минути од Велестово ќе го означат стартот. Се најавува присуство на реномираниот германски велосипедист Стефан Стнетз –Алпензоро кој е на светска велосипедска турнеја од Март годинава.

velosipedistiОрганизатор е  Националниот Парк Галичица заедно со новоформираниот велосипедски клуб ЕКО Дром од Охрид . Патеката која официјално беше отворена минатата година, веќе е подготвена вели првиот човек на Галичица Зоран Ангеловски, кој додава дека рутата  во иднина ќе прерасне во интернационална.

Годинава како ново име во планинскиот велосипедизам се јавува Планинско друмскиот велосипедски клуб Еко Дром од Охрид. Председателот на Клубот Александар Јованов вели дека преку велосипедизмот, во рамките на НП Галичица ќе настојуваат да го издигнат Охрид на високо ниво.

Планинските терени на Галичица се идеални за планинско рекреативен велосипедизам вели Јованов. Тој додава дека убавините на теренот на паркот се фасцинантни во споредба со западните земји.

Маратонската велосипедска патека на Националниот Парк Галичица е со должина од 55 километри. Минатата година учествувваа 50 велосипедисти од повеќе градови во Македонија а годинава се очекува двојно поголем број како и присуство на врвниот германски велосипедист Алпензоро Стефан Стнетз.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top