Г-ѓа Министерка повторно пред охриѓани

Охридските гимназијалци, неодамна пред охриѓани ја изведоа претставата „Г- ѓа Министерка“, работена според текст на познатиот српски комедиограф, Бранислав Нушиќ.

 |  Голабовски Крсте  | 
plakat
плакат

Aнсамбл од млади актери од Охридската гимназија, неодамна ја изведoа претставата „Г- ѓа Министерка“, работена според текст на познатиот српски комедиограф, сатиричар и критичар, Бранислав Нушиќ. Под менторство на својата професорка по Македонски јазик, Светлана Голабоска, тие пред охридската публика донесоа едно свое видување на ова безвременско литературно дело. Марија Баткоска, која го толкува главниот лик, на Госпоѓата Министерка вели дека патот до главната улога не бил лесен.

актери„Не беше едноставно бидејќи конкуренцијата беше навистина голема, и мислам дека го направив најдоброто дека од себе го извадив максимумот и успеав“, вели Баткоска.

Јован Цветкоски, кој во претставата го толкува сопругот на Донка, Чедо Бандаш, вели дека улогата му била многу интересна иако не се надевал дека тој ќе ја добие, бидејќи како што вели, тоа не била улогата која ја посакувал.

„ Прво сакав да бидам синот на министерката,а ама добро се совпаднавме се комбиниравме и убаво испадна“, објаснува Цветкски.

Леа Новеска, која ја толкува улогата на Донка, ќерката на министерката, вели дека да се донесе овој лик за неа било лесно, а дека сличности меѓу неа и Донка сепак има.

„Сака цврсто да стои на тоа што го одбрала, не сака да го остави Бандаш и покрај тоа што мајка и ја убедува дека тој не е за неа, таа нема такви сфаќања како мајката, тоа можам да го најдам како допирна точка со ликот“, додава Новеска.

Некои од нив со подолги, некои со пократки улоги, но сите со впечатливи изведби, во кои како што велат вложиле доста труд. Лазар Вучетиќ, кој го толкуваше ликот на дипломатот Ристо Тодорсоки, вели дека иако улогата во претставата била кратка, за него е поттик малку посериозно да размислува за актерството како за негова идна професија.

scena„Улогата беше кратка, лесно беше да се подготви, малку ја изменивме. Можеби, не знам сеуште“, потенцира Вучетиќ.

Нивниот ментор професорката Голабоска, објаснува дека изборот да се работи токму оваа претстава, по класикот на Нушиќ бил лесен. А исто лесна била и поделбата на улогите. Голабоска објаснува дека уште на самиот почеток отприлика знаела која улога кому ќе му припадне. Следната изведба на претставата „Госпоѓа Министерка“ е закажана за овој вотрник во Центарот за култура во 19 часот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top