Фундаментален дефицит на социјални вештини

Хигиената на црковните дворови на катастрофално ниско ниво. Граѓаните реагираат и тврдат дека на своја рака многу често ги чистат иако тоа е обврска на Црквата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sv.Sofija
Св. Софија

higienaХигиената на црковните дворови на катастрофално ниско ниво.

Граѓаните реагираат и тврдат дека на своја рака многу често ги чистат иако тоа е обврска на Црквата. Митрополитот Тимотеј пак ги обвинува граѓаните. Тие што се жалaт, тие го фрлаат ѓубрето, вели тој.

Хигиената на дворовите на некои од црквите, кои се обележја на нашиов град е на очајно ниво. Жална е глетката на која сигурно налетале туристите, кои на пример, сакале да ја посетат црквата Св Софија. На она што ќе го видат внатре во овој споменик на културата, тешко дека ќе се сеќаваат измачувани од  впечатоците на тоа што ќе го видат во дворот на црквата.

Црковните објекти и нивните дворови претставуваат јавен објект. Законот за јавна чистота е дециден. Во него стои дека сопствениците или правните и физичките лица кои управуваат со јавни објекти се должни да ја одржуваат јавната чистота во јавниот објект и неговата дворна површина. Портпаролот на МПЦ, Владиката Тимотеј пак со свое видување за овој проблем. Тој тврди дека истите граѓани кои ја пријавија оваа состојба, се оние кои го фрлаат сметот во дворот на црквата.

Очигледно е дека нашиот Митрополит ќе треба почесто да го напушта удобниот ентериер на својата канцеларија, и да погледне што се има во црковните дворови. А ние останатите ќе треба многу посериозно да се однесуваме кон јавната чистота, особено на оние места и објекти кои ја дефинираат сликата за еден град кој е под закрила на УНЕСКО.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top