Фуере со новинарите од Охрид

Охридската новинарска фела во дружба со Евроамбасадорот Ерван Фуере. Вчера на атрактивното излетничко место Скребатно во атарот на црквата Св Богородица новинарите од Охрид и амбасадотор Фуере на пикник.

 |  Билјана Николовска  | 
Fuere i novinarite
Фуере и новинарите

Пикник кој долго ќе се памети. Во знак на почит на досегашната соработка со евроамбасадорот Ерван Фуере на кого на пролет му истекува мандатот, охридските новинари му приредија изненадувачки пикник. За време на 4 часовната дружба беа разменти низа разговори со Фуере за времето поминато изминативе четири години. На трпезата беа присутни македонските специјалитети, подготвени од новинарите. Но не изостанаа и играта и песната. Ерван Фуере пријатно изненаден од охридските новинари. Дека тие знаат не само да пишуваат, туку да бидат и добри домаќини потврди потегот на евроамбасадорот Фуере кој се придружи кон нашата песна и игра. Пред крајот на средбата Фуере од новинарите доби и скромен подарок уметничко дело насликано од Борис Георгиески скоро пензиониран новинар. И од управниот одбор на црквата Св Богородица Фуере беше почестен со икона од заштитничката Св. Богородица. Обострана беше пораката дека средбите од ваков карактер позитивно делуваат и треба почесто да се случуваат.
Fuere i novinarite

Fuere i novinarite

Fuere i novinarite
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top