Младите членови на фудбалската школа „Охрид 10 Јуниор“ им рекоа НЕ на дрогата, алкохолот, цигарите, а ДА на спортот и фудбалот. Оваа фудбалска школа не ги подучува дечињата само на фудбал, туку и од нив прави целосни личности. Иако е основана од неодамна, сепак работи со полна пареа. Се фокусирале на најмалите.
Иако се соочуваат со лоши инфраструктурни услови, сепак макотрпно работат и постојано напредуваат. Велат: „Работиме поинаку од другите, темелно сме го разработиле овој план.“ Сепак освен фудбалот тие учат и нешто друго.
„Најмногу се фокусиравме на однесувањето, да имаат еден карактер, а кога се има карактер тогаш е една целосна личност. Не е комплетна личност ако знае само фудбал, а не знае правилно да се однесува. Значи нашиот проект е така осмислен, да се движиме како комплетни личности и да ни послужи ако не успееме во фудбалот тогаш да успееме во нашиот живот, во однесување на училиште, со родителите.“-рече Никола Павлески-(ко-основач на фудбалската школа „Охрид 10 Јуниор“
Децата од оваа школа, тренираат 3 пати неделно во зависност од часовите на училиште. Термините се целосно прилагодени на нивните училишни обврски.
„Фудбалската школа „Охрид 10 Јуниор“ е формирана и регистрирана пред три месеци. Во оваа школа може да членуваат деца од 7 до 12 години. Ние како организатори и тренери имаме со Спортско рекреативниот центар-„Билјанини Извори“ договор на 5 години, за истите деца ние овде да можеме да им овозможиме едно пријатно катче, инвестиравме во соблекувалната, со модерни купатила, им ги овозможивме сите европски услови за да можат да тренираат.“-додаде Благоја Ристески-(ко-основач на фудбалската школа „Охрид 10 Јуниор“)
Школата брои преку 30 членови, а во моментов имаат пуштено соопштенија до сите основни училишта во околинава за примање на нови членови. Планираат нови зачленувања да има секоја година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град