Универзитет за одржлив развој Еберсвалде од денеска до 20 јануари е во посета на својот партнер Факултетот за туризам и угостителство Охрид. Тема на средбите ќе биде „Германско-македонската тренинг програма и мрежа ‚Одржлив туризам‘ за професори, претставници од мали и средни претпријатија од туристичкиот сектор и други промотери“.
Целта на посетата претставниците на Еберсвалде на ФТУ е заедничкиот проект, германско- македонска тренинг програма за професори на македонскиот факултет и за други промотери од државни институции и од приватниот туристички сектор во Македонија. Во рамките на проектот професори од мастер смерот „Одржлив менаџмент во туризам” на германскиот факултет заедно со свои партнери од праксата и други експерти ќе презентираат релевантни туристички теми со акцент на аспектите на одржлив развој и со јасна примена во практичното делување.
Одвивањето на тренинг единиците ќе го одредуваат македонските учесници, кои активно го обликуваат концeпирањето на проектот. Обуките ќе се
одвиваат во охридскиот регион и во Берлин/ Бранденбург (Германија).
„Германско-македонската тренинг програма и мрежа ‚Одржлив туризам‘“ започна во октомври 2011 со финансиска поддршка од „Германската сојузна фондација Животна средина (ДБУ)”.
Со оваа германско-македонска соработка во наредните две години ќе се обучат најмалку десет промотери кои ќе се стекнат со
сертификат за менаџери за одржлив туризам.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град