Кој се токми за првата фотеља во ЈП „КОмуналец“? Деновиве ова прашање се врти меѓу охриѓани. ТВМ побара одговор.
Дали ќе биде сменет директорот на ЈП комуналец, Сашо Алчев, деновиве се прашува охридската јавност.
Ова е тема број еден на многу кафе муабети во кои се спомнуваат дури и имиња на можни кандидати за првата фотеља на ова јавно претпријатие.
Градоначалникот Александар Петрески на охриѓани им ја разрешува дилемата. Тој вели дека ова се чисти шпекулации и дека нема ниту една причина зошто би го сменил Алчев од ова директорско место.
Градоначалникот додава дека многу е задоволен од работата на Алчев па откога „Комуналец“ добро ќе застане на нозе планира да го унапреди во координатор на сите јавни претпријатија во градов.
Но, Петрески додава дека сеуште е рано за ваква промена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град