Во Охрид Формирано здружение на деца со дијабет

Во општинава се евидентирани до полнолетство 12 деца, а додека останатите над 18 години се вбројуваат во категоријата на возрасни. Иницијативата за формирање на едно вакво здружение потекна од родителите кои бара начин да се следат проблемите поврзани со дијабетот, но и да им се помага на децата.

 |  Валентина Неловска  | 
dijabetes
дијабетес

zdruzenie deca so dijabetВо општинава се евидентирани до полнолетство 12 деца, а додека останатите над 18 години се вбројуваат во категоријата на возрасни. Иницијативата за формирање на едно вакво здружение потекна од родителите кои бара начин да се следат проблемите поврзани со дијабетот, но и да им се помага на децата  вели претседателот на првото здружение во регионов, Зоре Димоска.„ Здружението ќе помага во едукација на децата и нивните родители за полесно да се справуваат со дијабетот“.
Здружението на деца со дијабет има годишен план со кој се поставени повеќе цели и задачи. Над 60 посто од планираните активности  се однесуваат на едукација на децата и на членовите на нивните семејства истакнува Димоска. Планирани се  посети на културно историски споменици, учество на кампови, како и  посети и размена на искуства со останатите здруженија надвор од Македонија. Димоска објаснува дека  во нашата земја се следат  и применуваат сите нови трендови во лекување на дијабетот. Во моментов се почеста е примената на инсулинските пумпи со кои на децата  им се олеснува начинот на апликација на инсулинот.
Дијабетот не е болест туку пореметување на јагленохидратите во организмот  кој со правилна исхрана и режим на живеење , но и со примена на инсулинска терапија се постигнува поквалитетен начин на живеење истакнува претседателот на здружението на деца со дијабет Зоре Димоска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top