Формиран локалниот Совет за превенција од малолетничко престапништво

Охрид е еден од првите градови кои го поддржаа формирањето на едно вакво тело, кое ќе ги следи состојбите во областа на малолетничката деликвенција.

 |  Крсте Голабовски  | 
delikvencija
delikvencija

Формирано тело за превенција од малолетничко престапништво. Неодамна Советот на општината, даде зелено светло за формирање на Совет за превенција од малолетничко престапништво. Во него се вклучени претставници од МНР, МТСП, од училиштата, судовите и обвинителствата. Секретарот на Општината, Димитрија Вревезоски истакна дека улогата на ова тело во суштина е превентивна.

„Охрид е една од првите општини која формира ваков совет,  тој совет ќе носи своја програма годишна, еднаш годишно има обврска да достави извештај до Советот на Општина Охрид за својата работа, како и до државниот совет за спречување на малолетничкото престапништво“ вели Вревезоски.

delikvencijaСоветот ќе креира политики и ќе развива програми за учество на локалната заедница во решавањето на проблемите во делот на малолетничката евиденција.Со сплет од активности телото ќе придонесува за подобрување на состојбите во рамките на општината. Александар Лазовски, претставникот на UNICEF во Македонија истакна дека успешната превенција на малолетничкото престапништво ги предвидува здружените напори на сите делови од општеството се со цел да се овозможи еден хармоиничен развој на децата со целосна почит и унапредување на нивните права, нивната личност, уште од најмала возраст.

„Ова е навистина битен чекор, дозволете да и честитам на Општина Охрид затоа што е една од првите опшини во државата која воспоставува ваков локален совет за превенција и пред време да им честитам на новите членови и да им посакам успешна работа. УНИЦЕФ и ОН ви стојат на располагање за соработка во иднина на Ова поле“ задоволен Лазоски.
Иако неодамна беше основан Државниот совет за спречување на малолетничкото престапништво со цел на државно ниво да ги координира мерките за одговор на малолетничкото престапништво, се очекува локалните совети да играат клучна улога во зајакнувањето на превентивната и заштитна средина на локално ниво. Тие ќе бидат надлежни за следење и реагирање според потребите во нивните општини, изработка на програми за учество на локалните заедници во активности за превенција, и координирање на работата со Државниот совет за спречување на малолетничкото престапништво.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top