Фотографијата има голема улога во афирмацијата на културата на Охрид. Традиционално и годинава фото клубот од Охрид по 19 пат во рамки на свеченостите кои градот ги организира за одбележување на патронот Св Климент Охридски, се претстави со своја изложба од 45 фотографии на 12 охридски автори, на тема „Флора и фауна“.
Духовната прашина што Св Климент ја оставил на овие простори, пред повеќе од 10 века, секогаш се материјализира во уметноста. И годинава во рамки на одбележување на патронот на градот Св Климент Охридски, фотографската уметност беше дел чествувањето. Изложбата на Фото клубот од Охрид, со 45 слики од 12 македонски автори на тема „Флора и фауна“ ги воодушеви љубителите на уметноста.
„Како и секоја година во чест на Св Климент патронот на градот кој е и наш заштитник. Секоја година сме присутни, догодина одбележуваме јубилеј 20 годишнина. Добро е што годинава сме побогати со нови членови многу добри млади фотографи, кои направија прекрасни фотографии“
Изложбата на Фото клубот Охрид кои од постоењето на клубот цели деветнаесет години не го пропуштаат чествувањето на патронот е исклучително од охридски фотографи, нагласува Коруноски.
„Добро е што новите членови се активни и многу квалитетни. И тие почнаа да учествуваат по меѓународни изложби и други, заживува клубот и се надевам на светла иднина понатаму
Добрите познавчи на фотографскта уметност со право забележуваат дека денес фотографијата како уметничка дисциплина може рамо до рамо да се носи со другите уметности.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град