Физички пресметки, нападнат полициски службеник-СВР БИЛТЕН

Физичка пресметка помеѓу охриѓани на градскиот плоштад во Охрид и на улицата Даме Груев, а 42-годишен охриѓанец нападнал полициски службеник. Најновиот СВР Билтен.

 |   | 

На 13.07.2021 година во СВР Охрид пријавено дека околу 12 часот во угостителски објект на плоштадот „Св.Климент Охридски” во Охрид е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.Б.(45) врз К.С.(36), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.07.2021 година околу 22.30 часот, на улицата „Даме Груев” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.Р.(41) врз Г.Љ.(42), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 13.07.2021 година од полициски службеници од СВР Охрид е приведен А.Ѓ.(42) од Охрид, бидејќи околу 15 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник кој преземал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top