Ќе се фискализираат охриските адвокати

Охридските адвокати од наредниот месец за своите услуги ќе наплаќаат со фискален апарат. По барање на Адвокатската комора на Македонија, адвокатските маркички не профункционираа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
advokati
адвокати

Од први мај ќе се фискализираат охриските адвокати. 90тина адвокати од градов ќе треба да набават фискални апаратиmarkici.Ова следува откога Владата го прифати барањето на Адвокатската комора и адвокатите за ставање надвор од примена на Законот за адвокатски маркички, со што ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги, вели Љупчо Наумовски-претседател на адвокатска заедница од Охрид.

Министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот со цел да се стави вон сила и да се премине на вообичаениот систем на одданочување на услугите на адвокатите во делот на готовинските трансакции преку фискални апарати, а во делот на плаќањето преку жиро сметка тоа ќе се биде вообичаено.

Со ова се воведуваат еднакви услови на пазарот за оданочување на услугите. Претходно адвокатите сметаа дека се оштетени бидејќи со законот за адвокатски маркички биле приморани однапред да плаќаат персонален данок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top