Од 2 до 5 јули по четврти пат во Охрид ќе се Фестивалот на француски филм. Директорот на фестивалот за Македонија Зоран Велјаноски – Летра вели дека на селекцијата на програмата се работело цела година. „ На фестивалското издание ќе има поширок избор на филмови од најновата француска продукција“, додава Велјаноски.
„ Подготовките течат непрекинато цело време разговараме преговараме со француските партнери со Францускиот културен центар, Француската амбасада Министерството за култура и градот Охрид. Мислам дека за многу кратко време ќе излезиме и со кои филмови“, вели директор на Францускиот Филмски Фестивал Македонија, Зоран Велјаноски – Летра.
Велјаноски ветува дека и годинава на Охриѓани и гостите ќе им биде презентирана квалитетна филмска програма без разлика дали филмовите се од дебитански автори или од познати и признати режисери и актери. Директорот на фестивалот најавува дека и годинава на големо задоволство на организаторот но и на публиката во Охрид повторно ќе дојде легендата на Францускиот филм и голем пријател на Охрид и Македонија, Клод Лелуш.
„Фестивалот на Француски филм во Охрид за двете држави претставува еден значаен настан. Фестивалот ќе вклучи проекција на 8 најдобри филмови од Француската копродукција која има околу 250 – 260 филмови на годишно ниво. Значи Француската Филмска копродукција е една од најбогатите во Европа. Нашата интенција секако е да преставуваме дебитански филмови и да бидат преставувани филмови од познати и звучни имиња. Сепак акцентот е даден на дебитанските филмови“, вели Велјаноски.
Францускиот Филмски фестивал се разликува од останатите по организраните средби на акерите и режисерите со публиката после секоја проекција. Квалитетните филмови но и специфичноста на фестивалот е тоа што секоја година фестивалот за неколкуте фестивалски вечери го следат од 7 до 9 илјади посетители.
„Посебно горд и среќен ме прави што публиката претежно е домашна, бидејќи во овој период нема многу туристи и гости. Ме прави среќен што Охриѓани се желни за добар филм што сакаат вакви настани, знаат да уживаат во филмовите, во проекциите, и истите понатака уште долго ги коментираат“, додава директор на Францускиот Филмски Фестивал за Македонија.
Буџетот на фестивалот е многу мал. Трошоците за гостите ги покриваат Франмцускиот културен ценатар, министрвото за култура и Локалната самоуправа. Како и секоја, така и годинава влезот за фестивалот ќе биде бесплатен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град