Филмот „Љиља засекогаш“ со порака за младите

Волонтерите од Клубот на млади при Црвениот крст Охрид за основците од „Христо Узунов“ го прикажаа филмот „Љиља засекогаш“, на тема трговија со луѓе. Црвениот крст ги има правата за прикажување на овој филм, вели Кристина Шалкоска, волонтер на ЦК –Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
film
филм

crven krstВолонтерите од Клубот на млади при Црвениот крст Охрид за основците од „Христо Узунов“ го прикажаа филмот „Љиља засекогаш“, на тема трговија со луѓе. Црвениот крст ги има правата за прикажување на овој филм, вели Кристина Шалкоска, волонтер на ЦК –Охрид. Таа  објаснува  како се информираат младите за опасностите кои ги демнат од трговијата со луѓе. Обучени се 300 средношколци и основци од кои поголемиот дел претходно не беа свесни за проблемот на днешницата кој се нарекува и ропство на 21 век, но после предавањата стравуваат од оваа појава кој станува се поактуелна.  
За запознавање на младите со опасностите од овој сериозен општествен проблем на денешницата низ основните и средните училишта во изминатите 4 месеци од минатата година се одржаа 11  работилници, вели волонтерката од Клубот на млади, Кристина Шалкоска.
Најдобар начин младите да се заштитат од трговијата со луѓе е да се информираат, а тоа се постигнува на нашите предавања, истакнува Шалкоска. Додава дека за секоја подетална информација младите можат да се информираат и обратат во Црвениот крст.
Филмот „Љиља засекогаш“ ќе биде прикажан и за учениците од останатите училишта.
Симболичната сума на пари од продадените везници од прикажаниот филм, пак, ќе биде  наменета за децата со посебни потреби од НВО „Порака“.  

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top