Филипче: Ќе продолжи изградбата на новата болничка зграда во болницата „Св Еразмо“

Ќе продолжи изградбата на новата болничка зграда во болницата „Св Еразмо“, најави денес од Охрид министерот за здравство, Венко Филипче. Дискутабилно и неизвесно е дали Заводот за кардиоваскуларни заболувања ќе биде преселен во новиот објект.

 |  Николоска Биљана  | 

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска беше во посета на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид. Тој оствари средба со раководството на оваа Установа, на која станало збор за фазата на изградба на новата реконструирана зграда во однос како ќе се продолжи понатака, за потребата на лекари и нивната едукација, за зголемување на услугите кои што во моментов се даваат, како и за воведување на нови услуги за пациентите.

За време на овој состанок ги разгледавме сите моменти кои што влијаат на продолжување на изградбата и разговаравме за најдобриот начин и усогласување на тоа како таа да продолжи за да може во најкраток можен рок да се пушти во употреба целосно опремена и во ниеден момент не се скрати здравствената услуга за пациентите кои што ја добиваат од целиот регион

Министерот Филипче, не потврди дали Заводот за кардиоваскуларни заболувања ќе се пресели во новиот објект на Специјалната болница „Св Еразмо“

Таков е проектот, затоа на оваа средба беа присутни и директорите на Општа болница Охрид и на кардиолошкиот центар, разговаравме за сите опции и многу скоро ќе донесеме одлука какво ќе биде дефинитивното решение“

Министерот Филипче најави дека се разгледуваат опциите за нови вработувања и решавање на проблемот со недостиг на медицински кадар, посебно во општа болница Охрид и во таа насока веќе биле пуштени барања во министерството да се одобрат вработувања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top